Свет amy-winehouse

23 јули, 2013

Две години од смртта на Ејми Вајнхаус

Пред две години, на денешен ден (23-ти јули) почина познатата британска пејачка Ејми Вајнхаус, која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, а причина за нејзината смрт било труење со алкохол.

Вајнхаус е родена во областа Саутгејт во северен Лондон, во еврејско семејство кои исто како неа имале интерес за џез музиката. Таа беше воспитувана во четиричлено семејство: нејзиниот татко Мичел (таксист), мајка и Џенис (фармацевт) , и нејзиниот постар брат Алекс. Мичел постојано пеел низ куќата, често и го пеел Френк Синатра на младата Ејми, која исто така создала навика постојано да пее до тој степен што на наставниците им било тешко да ја задржат тишината во класот.

Деби албумот на Вајнхаус „Frank“ (2003) беше критично успешен во Велика Британија, а беше номиниран за наградата Mercury. Нејзиниот следен албум  „Back to Black“  (2006) ја доведе до шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од „Големата четворка“: најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината. На 14-ти февруари 2007 година, таа е добитник на наградата Brit за најдобар британски женски изведувач и исто така била номинирана за најдобар британски албум. Таа е три пати добитник на наградата Ivor Novello, прво во 2004 година за најдобра современа песна (музички и лирски) за „Stronger Than Me“, потоа во 2007 година за најдобра современа песна за „Rehab“ и во 2008 година за најдобра песна (музички и лирски) за „Love is a losing game“, како едни од најпрестижните. Албумот е трет меѓу најпродаваните од 2000-тите во Обединетото Кралство.

Проблемите на пејачката со дрогата и алкохолот, како и самоуништувачко однесување, станаа редовни таблоидни вести од 2007 година. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер-Цивил се соочуваа со правни проблеми по кои тој беше осуден на издржување затворска казна. Во 2008 година, Вајнхаус се соочува со низа здравствени компликации кои претставуваа закана за нејзиниот живот и кариера.

По нејзината смрт во 2011 година, нејзиниот татко Мич Вајнхаус ја основаше фондацијата „Ејми Вајнхаус“ која им помага на сите млади кои имаат проблем со зависност од пороци. За нејзиниот живот е најавен и филм, а улогата на Ејми веројатно ќе ја игра нејзината колешка Лејди Гага.

Во продолжение да се потсетиме на дел од нејзините големи хитови како што се „Rehab“, „Back to Black“, „Love Is a Losing Game“, „Tears Dry On Their Own“, „You Know I’m No Good“ и други.

 



Врати се горе ↑