Македонија

11 декември, 2018

Две години без Есма

На денешен ден, 11 декември во 2016 година, на возраст од 73 години по кусо боледување почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова – Теодосиевска.

Во својата 55-годишна музичка кариера таа учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации ширум светот, како вистински музички амбасадор на Македонија. Есма има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа, а во нејзината дискографија се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, како и соработки со еминентни, светски музички имиња.

Кралицата на ромската музика по две години, конечно доби и пристоен споменик на градските гробишта во Бутел. Споменикот го подигна Владата на РМ, која очигледно штедела букви за надгробниот натпис.

Имено, посветата не е според правилата на правописот и граматиката на македонскиот литературен јазик, па на неа треба да стои: „Споменикот го подигНа ВладаТА на Република Македонија“, а не подига Влада, како што е напишано сега. Се надеваме дека грешката ќе биде исправена.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑