Македонија foolish-green

14 ноември, 2013

Два концерта на „Фулиш грин“ во Холандија

По настапите на речиси сите поголеми музички фестивали низ Македонија, „Фулиш грин овој викенд заминуваат за Холандија каде што ќе одржат два концерти пред холандската публика. Во петок (15 ноември 2013) групата настапува во клубот „Но Сикирики“ во Тилбург. Веќе следниот ден, во сабота (16 ноември 2013) „Фулиш грин“ продолжува во Хаг на концерт во рамките на „Стритс фестивал“!

Ова е прво концертно претставување на „Фулиш грин“ во некоја од западноевропските земји, кое дојде во агендата на бендот по објавувањето на нивниот одличен деби албум „Escape“.

Албумот кој беше објавен во март годинава имаше две концертни промоции во арт-киното „Фросина“ во Скопје кои беа целосно распродадени. Нивното прво лонг-плеј остварување со самото појавување ги собира одличните оценки на рецензиите и од музичките медиуми во регионот, кои за Фулиш Грин пишуваа: „Она што се Палма Вајлетс на почетокот од годината на странската сцена, тоа со сигурност би можеле да бидат ’Фулиш грин’ на регионалната сцена (…). Да доаѓаат од Британија, сигурно би биле ‘најдобриот бенд на светот“ (музика.хр).

„Escape“ кој на на момците од „Фулиш грин“ им донесе и бројна публика, зависна од песните  на ова ретко психоделик поп / рок’н’рол издание доби и свое електронско издание за “EXIT label”, што воедно претставува и првото македонско издание за онлајн етикетата на славниот Егзит фестивал. Албумот сега е достапен за бесплатно преземање во електронско издание на овој линк, hard copy изданието можете да го купите во „Југотон“ (ГТЦ, прв кат, Скопје).



Врати се горе ↑