Македонија Viktor Apostolovski - Stone Bridge 7

10 февруари, 2014

Дурекс амбасадорот Виктор сними видео запис за „Ти и Јас“

„Ти и јас“ е новата песна на Дурекс амбасадорот Виктор Апостоловски за која викендов се снимаше видео запис.

„Темата ’Ти и јас’ е со брза и динамична мелодија, па според тоа требаше да направиме приказна што ќе го следи ритамот. Станува збор за две другарки кои се вљубени во мене и околу тоа се случуваат разни ситуации. Токму поради тоа снимањето измина во интересна и забавна атмосфера којашто успеавме да ја пренесеме и во самиот видео запис. Но, најдобро е самите да се уверите во тоа“ – вели Виктор.

Спотот е сниман од Продукција Тривиа, се снимаше на две локации, во Hotel Stone Bridge и трговскиот центар Capitol Mall. Покрај трите главни улоги во приказната, во спотот учество зедоа и 10 танчери од студиото за танц Beatrix Crew, на кореографија од Ивана Балабанова. Виктор беше облечен во парчиња од новата колекција на турскиот урбан бренд Collezione.

Најавата на спотот ќе биде на 14-ти февруари на ЈуТјуб каналот на Виктор, а истиот ден на своите обожаватели Дурекс амбасадорот на улица Македонија ќе им доделува љубовни балони со Дурекс изненадувања.



Врати се горе ↑