Македонија

27 декември, 2018

„Дупер“ влезе во семејството на „Авалон“

Скопското трио „Дупер“, кое за краток период успеа да ја освои македонската публика со инстант-хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“, стана дел од семејството на една од најуспешните македонски продукции – „Авалон“. Понатамошното градење и развивање под закрила на „Авалон“ е одличен начин да ја заокружат оваа мошне успешна година, а за следната веќе најавуваат нови музички материјали, албум и настапи.

 

„Имавме неверојатна година. Животот ни се сврте за 180 степени, растевме со секоја секунда, плачевме и се смеевме. Фала ви на сите што бевте и сте заедно со нас низ цело ова патешествие. Фала за искрената љубов и поддршка. Следат нови 365 дена, полни со многу среќа и многу музика“, напишаа Борис, Илчо и Мартина.

Од „Авалон“ пак, додадоа дека станува збор за двегодишен договор за соработка, во кој продукцијата ќе биде издавач, организатор на концертите и ќе делува како букинг-агенција.

View this post on Instagram

ДУПЕР И АВАЛОН ПРОДОЛЖУВААТ ЗАЕДНО! Драги пријатели, Со задоволство Ве информираме дека скопскиот бенд @duperishka и Авалон Продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот кој моментално е актуелен со супер хитовите "Не сум твој тип" и "Тело за тв". Секако, следуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти. Дечки, добредојдовте! 🙂 📸: Томи Акимовски

A post shared by Avalon Production (@avalon.produkcija) on

 

Освен „Дупер“, „Авалон“ се грижи и за кариерата на својата најголема ѕвезда (и со најдолг стаж) – Каролина Гочева, а од минатата година и за фуриозната тројка „Фанк шуи“, додека соработка има и со дел од своите некогашни ексклузивци, како што се „Нокаут“ и Владо Јаневски, чии јубилејни концерти беа во нивна организација.



Врати се горе ↑