Видео

30 јануари, 2019

„Дупер“ го претстави новиот сингл „Ние сме 2“

Едно од најнадежните нови имиња на македонската музичка сцена, скопското трио „Дупер“ штотуку го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Ние сме 2“, кој стигна во комплет со видео. Наследникот на хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“ е уште едно авторско на самите членови на бендот, а за снимањето, миксот и мастерот се погрижија Ангел Ќосев и Драги Иванов во студиото „Подрумот“.

За белата екранизација на „Ние сме 2“, пак, беа задолжени режисерот Томи Акимовски, камерманот Томислав Живковиќ и монтажерот Иван Костадинов. Како што споменавме, ова е трет сингл за ексклузивците на „Авалон“, па се надеваме дека до крајот на годинава ќе нè почестат и со цел албум. Како звучи и изгледа најновото од „Дупер“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑