Видео

11 јули, 2018

„Дупер“ дебитира со „Не сум твој тип“

Со песната „Не сум твој тип“, за која е снимен и спот, групата „Дупер“ го скрши мразот на македонската музичка сцена и веднаш следуваа добри коментари и пофалби дека се вистинско освежување и поп-група, која е поразлична од она што сме имале можност да го слушнеме досега.

Членовите на младиот поп-бенд: Илчо Нечовски, вокал и бас-гитара, Мартина Баракоска, тапани и Борис Какуринов, гитара и клавир, во неодамнешен разговор за „Нова Македонија“ открија дека веќе имаат материјал и за цел албум, а наскоро планираат и настапи во живо во Скопје и во клубовите низ земјава.

Фотографија на DUPER.

Инаку и тројцата се студенти – Илчо е иден психолог, Борис студира маркетинг на Економскиот факултет, а Мартина е студентка на Музичката академија. Сите се потпишуваат како автори на првата песна „Не сум твој тип“, а велат дека така и ќе остане при промоцијата на материјалот што следува. Песната е снимена во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а интересниот спот го режираше Томи Акимовски.

Целиот разговор со „Нова Македонија“ прочитајте го овде, а нивниот деби-сингл „Не сум твој тип“ Ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑