Балкан 10624709_1001549109930570_9050211498546785037_n

20 март, 2016

Дуото „Неон“ дебитира со „Реприза“

„Хит рекордс“ ви го претставува новото име на регионалната музичка сцена – „Неон“! Групата „Неон“ е нова ѕвезда на музичкото небо, која е составена од авторот и гитарист Иван Зечиќ и пејачот Иван Пенезиќ. Овие талентирани момци се карактеристични по својата силна музичка синергија, која настана со нивното долгогодишно пријателство, но и интензивната музичка соработка. Зечиќ и Пенезиќ, кои претходно беа дел и од групата „Бејби блу“, ја оформија „Неон“ за да уживаат во необичната хемија за која веруваат дека не се случува толку често, но и за да споделат сета таа позитивна енергија со публиката.

Сега, „Неонците“ на публиката им ја претставуваат својата нова песна насловена „Реприза“, за која велат дека е пријатна и романтична, а зрачи со позитивна енергија. Ја карактеризира модерен, свеж и по малку необичен звук. Самата комбинација на споменатите фактори ја прават препознатлива уште на самиот почеток, а на многумина сигурно ќе им легне уште на прво слушање. За интересниот звук и врвната продукција заслужен е Срѓан Секуловиќ Сканси, додека автор на музиката и текстот е Иван Зечиќ. Аранжманот заеднички го потпишуваат Иван Зечиќ и Иван Пенезиќ.

„Целта ни е да создаваме свежа и модерна музика која позитивно делува на слушателите бидејќи и самите најмногу уживаме во таквата музика. Со други зборови, создаваме музика која и самите најмногу би ја слушае, а која сè уште никој не ја направил. Таа е смислата на постоењето на ’Неон’. Сметаме дека на тој начин најмногу ќе се усреќиме и себеси и публиката“, велат момците од ова дуо.

„Реприза“ доби и свој видео запис, кој е снимен под режисерската палка на Антонио Паиќ, а кој можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑