Видео

21 јуни, 2019

Дуото „Бревис“ спои 11 македонски хитови во 4 минути

Вокалистот Мартин Иванов и клавијатуристот Никола Николовски веќе подолго време настапуваат низ Македонија под името „Бревис“, опишувајќи се себеси како „бенд за сечиј вкус“. За публиката подобро да ги запознае, на својот канал на Јутјуб ги имаат објавено и преработките на хитовите „Чија си“ и „Тако лако“, но она што го претставија деновиве сигурно е најинтересното и најуникатното што сме го слушнале кај нас.

Имено, момците решија да спојат 11 од најпознатите македонски хитови во точно 4 минути, со помош од Иван Јамандиловски (аудио) и Алек Тасевски (видео). „Дали ме сакаш“ на Калиопи, „Осамен“ од Трајче Манев, „Соба за тага“ од Тоше и „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара се дел од рефрените што ќе ги слушнете во овој интересен проект на музичарите, кои веќе подготвуваат уште новитети, а како изгледа и звучи спојот на македонските хитови на „Бревис“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Насловна фотографија: Александар Георгиев Врзалски



Врати се горе ↑