Видео

2 јануари, 2018

Дуото „Амазон“ го препеа хитот „Лутка“ од „С.А.Р.С.“

Дуото „Амазон“ од Виница, кое е активно со настапи повеќе од две години, деновиве ја претстави видеото за својата најнова преработка. Станува збор на нивна верзија на хитот „Лутка“ од „С.А.Р.С.“, за чие аудио се погрижи Петар Хаџиев, а видеото е дело на Кристијан Ѓоргиев од „КГ продакшн“.

После Списак разлога“ од „Ван Гог“, ова е втора официјална преработка за Мартин Атанасовски (вокал и гитара) и Васко Велинов (клавијатура), кои ја честитаат новата година на сите и ве покануваат да бидете гости на нивните настапи.



Врати се горе ↑