Македонија 307834_279602435417453_1079034692_n

8 декември, 2012

Дуле и Коки слават јубилеј 20 години музичка кариера

Четвртиот по ред албум на Дуле и Коки со 11 нови песни е снимен и наскоро се очекува негова промоција, пишува Вест. Албумот се совпаѓа со 20-годишниот јубилеј на Дуле и Коки, кои во 1993 година започнаа со свирки на студентски забави. Во 1997 година победија на МакФест со „Виолина и гитара“.

„Материјалот е снимен најмногу со нашиот стар соработник и пријател Александар Митевски, но работевме и со Роберт Билбилов, Билјана Спасиќ од Србија. Во план е цедето да се промовира следната година, кога ќе го славиме 20-годишниот јубилеј, во мојот нов ресторан „Доменика“, кој наскоро ќе го отворам. Наслов се уште немаме, но ќе биде поврзан со јубилејот“ – изјавил Дуле.

Единствениот голем концерт што Дуле и Коки го одржаа во Скопје беше за прославата на 10-годишниот јубилеј, во 2003 година.  Вокалот на дуото додава дека паралелно е ангажиран со отворањето на ресторанот, настапите со Коки и подготовките за венчавката со струмичанката Љупка, со која се сврши лани.



Врати се горе ↑