Македонија duleikoki

28 ноември, 2012

Дуле и Коки подготвуваат нов албум

Следејќи ја реакцијата на публиката на новите ритми, Дуле и Kоки најавуваат поинаков чекор во својата кариера во поглед на музичкиот стил, пренесува Дневник. Песните од новиот материјал ќе бидат во помодерен поп.

„И покрај промената на новиот материјал, ќе ги задржиме препознатливите белези: виолината, вокалот и емоциите. Сфативме дека често, освен емоции, публиката бара многу повеќе, односно сака и хитовски рефрени. Затоа можам слободно да речам дека новиот албум ќе биде компилација на емоции, но и на хитови. На него ќе има повеќе балади“ – изјавил Дуле.

Планираат да сними дует со популарната бугарска пејачка Рајна. „Песната ќе ја снимиме на македонски и на бугарски јазик. Се надеваме дека темата ќе ја промовираме и со спот со намера да се емитува и на тамошните медиуми“ – рекол тој.

Албумот ќе содржи повеќе од 11 композиции, а како дел од авторите се Александар Митевски, Дејан Георгиески-Ѕене, Роберт Билбилов, со кој ги врзува повеќегодишна соработка. „Ние никогаш не правиме ниту, пак, пееме песни без да се пронајдеме во нив. Во секоја тема вложуваме многу емоции кои се видливи. Така беше и со нашиот последен проект „Јас и ти“, во кој вложивме голем дел од себе.“ 

Од промоцијата на својот последен проект поминаа шест години. Големата пауза тие ја оправдуваат со обврските не само на професионален туку и на приватен план. „Сè уште сме многу активни со ноќните свирки. Паралелно ги извршувавме и нашите обврски за кафеаната „Балканика“, која пред извесен период ја продадовме.“

Додека го очекуваме новиот материјал од ова талентирано дуо, да се потсетиме на нивниот хит „Јас и ти“.

 



Врати се горе ↑