Аудио ubuduce1

28 јули, 2014

Дукиќ, Радаковиќ и Поповиќ: „Во иднина не зборувај за иднината“

Триото Мирослав Дукиќ, Бранко Радаковиќ и Милан Б. Поповиќ со заеднички сили ја пласира нумерата „Во иднина не зборувај за иднината (Ubuduće ne pričaj o budućnosti)“, која претставува вовед во новото компилациско издание на Поповиќ.

Бранко Радаковиќ

Во четириминутното дело мултимедијалниот уметник Бранко Радаковиќ ги рецитира стиховите на новинарот и поет Милан Б. Поповиќ, додека за инспиративната музичка подлога е заслужен Мирослав Дукиќ, за јавноста најпознат како гитаристот на култната група Тако.

Мирослав Дукиќ 

„Во иднина не зборувај за иднината“ е прв сингл од второто по ред компилациско издание на Милан Б. Поповиќ, за чии стихови музика креираа изведувачи и бендови од сите поранешни Југословенски републики. По „Време на брутални добронамерници (Време бруталних добронамерника)“, ова е втор ваков потфат на ценетиот белградски новинар, публицист, критичар и поет.

Милан Б. Поповиќ

Песната во придружба на видео запис можете да ја преслушате во продолжение, а повеќе информации за работата на Поповиќ можете да најдете на www.molitvatetoviranogsrca.com.

 



Врати се горе ↑