Концерт 10462439_807296122663270_4040534293887541054_n

28 јануари, 2015

Дуке Бојаџиев со концерти во Скопје и Битола

Познатиот македонски музичар, кој веќе подолго време живее и твори во Њујорк, Дуке Бојаџиев ќе одржи два концерта во Скопје и Битола. Првиот концерт, закажан за 13 февруари во Скопје, е во рамките на програмата по повод 70 години постоење на Македонската филхармонија, а веќе следниот ден, на 14 февруари, Бојаџиев ќе настапи во Центарот за култура во Битола.

„Концептуално концертот ќе содржи музика од мојата филмска работа („До балчак“, „Сенки“, „Војната заврши“), како и неколку нови материјали и обработки на македонска изворна музика. Од Њујорк носам тројца солисти-редовни гости на моите филмски, албумски и концертни изданија: вокалот Крсте Роџевски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунцли. Концертот ќе биде спој од класична, филмска, изворна и модерна музика зачинета со љубовна поезија од Мевљана Руми (13 век, суфизам)“. Концертот ќе се одржи на 13 февруари, во очи на Денот на вљубените и е насловен ’Сон. Верба. Љубов.’. Со истата програма годинава треба да се претставиме и на престижната сцена на ’Карнеги хол’ во Њујорк“, најави музичарот во неодамнешно интервју за „Нова Македонија.

Влезниците за концертот во Битола ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 2 февруари, по промотивна цена од 200 денари, а последната недела пред настанот цената ќе изнесува 250 денари.

 



Врати се горе ↑