Аудио

12 јуни, 2019

Дуке Бојаџиев, „Пијан славеј“, Гоце Јованоски и Георги Шарески ги здружија силите за „Пеперутка“

Спонтаните соработки често се покажуваат како едни од најдобрите, а доказ за тоа е и најновата песна на Дуке Бојаџиев „Пеперутка“ која се роди како резултат од неочекувана средба со неговите колеги Бранислав Николов алијасПијан славеј“ и Гоце Јованоски од „Фолтин“ и со Георги Шарески.

„Во февруари 2019, за време на мојата посета на Берлин за Берлинскиот филмски фестивал, случајно ги сретнав Пијан Славеј и Гоце од ’Фолтин’ (еден од моите омилени македонски бендови), како и мојот долгогодишен пријател од деновите во музичкиот колеџ Беркли, гитаристот и композитор Георги Шарески. Од спонтаните разговори за можна соработка, се вратив во Њујорк инспириран од моите колеги музичари и ја напишав ’Пеперутка’. Георги ги сними гитарите во студио во Берлин, Гоце ги сними басот и вокалите на Пијан Славеј во Битола, а сето тоа го довршив јас во моето студио во Њујорк“, раскажа Бојаџиев како се роди оваа приказна.

„Пеперутката“ доаѓа по минатогодишниот албум „Синергија“ и е одлично загревање за концертот што на 8 август ќе го одржи во рамките на фестивалот „Охридско лето“ на сцената Долни Сарај во Охрид, а како звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑