Аудио db-tc

26 декември, 2014

Дуке Бојаџиев и Тања Царовска ги здружија силите за „Си заљубив“

Светските а наши музичари Дуке Бојаџиев и Тања Царовска деновиве ја претставија својата нова песна насловена „Си заљубив“, којашто е преработка на народната „Си заљубив едно моме“. Новиот аранжман и продукцијата се на Дуке, а виолината ја отсвири Владимир Крстев. Песната е снимена и продуцирана во „Gaea Studios“ во Њујорк, а вокалите во студио „Димитрови“ во Скопје. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑