Видео jf-wim-ew

16 октомври, 2014

Дуетот на Џими Фелон и Вил Ај Ем ја освојува Билбордовата топ листа

Популарниот американски шоумен и водител на емисијата „The Tonight Show“, Џими Фелон често знае да сними хумористични музички точки со своите ѕвездени гости, па последниот негов потфат е песната насловена „Ew“, во соработка со Вил Ај Ем. Имено, овој дел од програмата Фелон го најавува велејќи дека водителката на таа „емисија“ неверојатно многу личи на него, а гости кај „Сара“ до сега биле актерите Ченинг Тејтум, Зак Ефрон, Вил Ферел, Линдзи Лохан, пејачката Тејлор Свифт, првата дама на САД, Мишел Обама и други.

Наместо обичен разговор со гостите, овој пат девојките „Сара“ и „Мир-ај-ем (Mir.i.am)“ решија од „Ew“ да направат песна. Најавувајќи ја песната, Фелон рече дека би бил среќен доколку песната успее да дојде барем до 99-то место на Билбордовата „Хот 100“ листа, но хумористичната песна во моментов се наоѓа дури на 26-тото место! „Боже мој! Многу сум возбуден, ова е неверојатно! Број 26? Ќе бев среќен и со 99!“, изјавил водителот за успехот на неговата прва песна.

„Воопшто не го очекувавме овој успех. Но, токму тоа се случува кога ја имаш моќта на телевизијата. Имавме толку голема поддршка од фановите, радијата, социјалните медиуми и Твитер“, додал водителот. „Секој има соништа. Се сеќавам дека кога бев дете пеев на плеј-бек пред огледало. Да имаш своја песна е навистина лудо! Не ни знаев дека ова ќе биде песна. Вил Ај Ем дојде во емисијата и ми рече дека му се допаѓа ликот од ’Еw’, односно 15-годишната Сара, која за многу работи мисли дека се одвратни (ew). Песната има една единствена цел – да ве насмее и тоа е сè!“

Песната навистина ја насмеа цела Америка, а дали ќе Ве насмее и Вас ќе дознаете ако го погледнете видео записот во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑