2 јуни, 2014

Дуетот на „Доктори“ со Кристина Ковач и во Скопје‏

До големиот концерт на „Х Фактор“ финалистите остануват уште 5 дена. Финалистите на големо се подготвуваат за своите настапи, а освен што е планирано да настапат со своите изведби од емисиите во живо дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки. Она што е извесно е дека „Доктори“ ќе ја изведат „Умиру јелени“,  изведба која ја направија во дует со нивната менторка Кристина Ковач. За овој дует снимија и видео кое може да го погледнете горе.

Како ќе звучат „Доктори“ и останатите финалисти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе видите на 7 јуни. Потсетуваме, влезници сè уште има за партер по цена од 350 денари и 400 за трибини.

Регионалното издание на „Х Фактор“ се одржа со исклучителен успех и привлекувајќи огромно внимание од македонската публика, особено со победата на македонскиот претставник Даниел КајмакоскиОвој концерт ќе биде одлична можност заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

 

Покрај Даниел Кајмакоски и „Доктори“, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендот „4U“.

За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба се пуштени фан-пит влезници кои се достапни во строго ограничен број и по цена од 700 денари. Покрај фан-пит, достапни се и влезници за партер по цена од 350 денари, влезници за трибините кои чинат 400 денари, како и ограничен број ВИП влезници по цена од 1.000 денари.

Сите влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“.
  • Онлајн преку www.mktickets.mk .

Но, тоа не е сè! Токму за концертот на финалистите на „Х Фактор Адриа“, МКтикетс промотивно и бесплатно ја претставува новата услуга за своите корисници која воедно е и новина во македонскиот билет-сервис. Имено, МКтикетс во соработка со „ГЛС“ за прв пат ви ја претставува новата услуга за бесплатна достава на онлајн купените билети до вашиот дом! Сите информации за начинот на кој се спроведува бесплатната достава на онлајн купените влезници можете да ги најдете на овој линк.

Фан-пит – 700 денари,
Партер – 350 денари,
Трибини – 400 денари,
ВИП влезници – 1.000 денари.



Врати се горе ↑