6 февруари, 2013

Дует на Игор Шарески и бугарската пејачка Магда

Поп пејачот од Гостивар, Игор Шарески сними дует со бугарската пејачка Магда, а македонската верзија на нумерата е насловена „Љубовта е посилна од сè“, додека бугарскиот наслов е „Обич по-жестока от омраза“. Оваа соработка доби и свое видео издание, кое деновиве официјално го освои првото место на ВИДЕО ТОП 20 во соседна Бугарија, додека на музичките топ листи е меѓу најдобрите 5 песни.
Музиката и текстот се дело на Шарески, додека аранжманот го направи Михајло Михајловски. Акустичните и електричните гитари ги отсвири Дарко Тасев, бас гитара Дарко Мучев, а придружен вокал е Андријана Јаневска. Песната е снимена во студиото на Планета во Димитровград, чија ексклузивка е Магда. Видеозаписот е снимен во Националниот театар во Софија и во студио за специјални видео ефекти, а го режираше еден од најдобрите режисери во Бугарија – Јордан Петков. За изгледот се погрижија македонскиот стилист Среќко Ѓорѓиески и бугарката Аделина.


Врати се горе ↑