Аудио andrea_bocelli_730

25 јануари, 2013

Дует на Џеј Ло и Андреа Бочели

Интересна соработка на италијанскиот тенор Андреа Бочели и популарната американска ѕвезда Џенифер Лопез. Станува збор за преработка на познатата песна од 1947 година насловена „Quizas, quizas, quizas“, која ќе се најде на четиринаесеттиот по ред студиски албум  на Бочели, со наслов „Passione“ чиј датум на издавање е закажан за крајот на месецов, односно 29-ти јануари. На ова издание, покрај дуетот со Лопез, ќе се најде и оној со Нели Фуртадо, со која соработуваа за песната „Corcovado“.

Инаку, познатиот италијански тенор ќе одржи концерт во белградската Комбанк Арена на 10-ти мај годинава. Во продолжение преслушајте го овој интересен дует.

 



Врати се горе ↑