Свет robbie-adele-12312

25 март, 2013

Дует на Адел и Роби Вилијамс?

Британскиот таблоид The Sun пишува дека Адел во последно време одбила неколку понуди за соработка со други музичари, но дека е заинтересирана да соработува со Роби Вилијамс на неговиот нов албум, кој наводно би требало да е во сличен стил како неговото издание од 2001 година, „Swing When You’re Winning“.

Таблоидот го цитира „изворот близок на пејачката“, кој рекол: „Адел и Роби одлично се согласуваат. Тие се многу добри пријатели и додека минатиот месец беа во Лос Анџелес непосредно пред доделувањето на Оскарите, тие долго разговараа за идејата да направат нешто заедничко. Даваа идеи, но не одлучија која песна би можеле да ја снимат заедно, сè е сè уште во рана фаза.“

Sun додава дека Адел уште во 2009 година изјавила дека кога би снимила дует со друг пејач, најмногу би сакала тоа да биде токму Вилијамс: „Не правам заеднички снимки… повеќе сакам да пеам во живо со другите, отколку на снимки… Ако би можела да одберам со кој да снимам нешто, тогаш Роби. Кога било.“

Роби Вилијамс го објави својот најнов соло албум „Take The Crown“ во ноември минатата година, на кој се најде и големиот хит „Candy“.

 

 

 



Врати се горе ↑