23 ноември, 2013

Дубиозна „Транзиција“ во зима

Дубиоза Колектив го поздравува преминот од есен во зима со пригодна акустична изведба на песната „Транзиција“. Видеото е снимено во јануари 2013 во Орсиер во Франција, за време на едно долго возење со жичарница. Дубиоза песната ја изведе во две гондоли, а синхронизацијата е постигната така што сите слушаа метроном во исто темпо.

Сите грешки и фалшови во изведбата предизвикани се од големата надморска височина, разредениот воздух и недостатокот на јаглерод моноксид во белите дробови. Бендот се огради од евентуална емотивна болка предизвикана со слушањето на оваа снимка.

Дубиоза планира во иднина по „Криво је море 2“, „Сјечам се“ и „Транзиција“ и други песни од „Апсурдистан“ да добијат веб-видео акустична верзија.



Врати се горе ↑