Балкан

26 февруари, 2018

„Дубиоза колектив“ се најдоа во „Ријалити“ шоу!

Иако публиката се навикна на изненадувањата на најпопуларниот бенд од регионот, она што го приредија „Дубиоза колектив“ овој пат сигурно не сте го очекувале!​ „Музичкиот спот содржи непристојни анимирани и испеани ситуации, па поради тоа никој не би требало да го гледа“, нè предупредуваат момците од бендот на самиот почеток од видеото.​

Имено, момците свират на сцената на популарното талент-шоу додека публиката вреска во транс, а жирито составено од познати личности негодува и ги притиска копчињата за елиминација.​ Признајте, на с​​è може да помислите кога се овие момци во прашање, но не очекувавте реално шоу со „Дубиоза колектив“. Што се случува со бендот во таквото опркужувањ​е, ​​дали продолжуваат, каков настап припремиле и како реагира жирито, може да видите во спотот за песната „​РИЈАЛИТИ“.

​Ријалити“ е името на новата песна и спот на „Дубиоза колектив“ во кои бендот допира тема актуелна за целиот регион. По „Химна генерације“ и „Треба ми зрака“, ова е трет сингл од нивниот нов албум, „Песнички за деца и возрасни“. За спотот на песната „Ријалити“ заслужен е Тони Хумл, режисерот кој го направи анимираниот спот и за песната ​Кажу, ​која денес има над 28 МИЛИОНИ прегледи!​

„Веќе со години сонуваме да сме дел од некое натпреварување на талент-шоу, но бидејќи и немаме баш многу талент, моравме да направиме лажна емисија и на тој начин да си ја оствариме желбата. Меѓутоа, ниту таму жирито не ни беше наклонето… Или како што вели песната, ‘Игравме добро, но нè зафркна судијата’“, изјавија момците.​



Врати се горе ↑