Балкан dubioza-kolektiv

25 март, 2013

Дубиоза Колектив промовира нов сингл

Дубиоза Колектив денеска (25-ка март) го претставува новиот сингл насловен „КАЖУ“, со кој се најавува шестиот студиски албум на бендот. Во рамките на регионалната промоција, радио синглот кај нас премиерно и ексклузивно ќе биде емитуван на Антена 5 Радио, додека од утре синглот ќе биде достапен и за онлајн преслушање.

Новиот албум на Дубиоза Колектив, насловенАПСУРДИСТАН ќе биде објавен на 15-ти април. Елекронското издание на албумот ќе биде достапно за бесплатно преземање на веб страницата www.dubioza.org , а истиот ќе има и свое физичкото издание, кое за Македонија ќе биде објавено под етикетата на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио.

Песната ‘Кажу’ е инспирирана од општоприфатените ‘вистини’ со кои сме секојдневно бомбардирани преку медиумите, рекламите, соседите, блиските и далечните роднини. Тие ‘вистини’ се најчесто засновани на непроверени информации и гласини и имаат малку или воопшто основаност на реални факти. Со помош на магичниот збор ‘велат’ се надоместува недостатокот на аргументи затоа што она што мнозинството (нацијата, соседите, светот) го мисли е веројатно вистина и од поединецот се очекува да го стори токму она што мнозинството го вели. Велат првиот сингл од албумот е најдобар показател каков ќе биде остатокот од албумот, но и дека првите мачиња се фрлаат во вода така што уште не знаеме од која воденица ќе налее водата во овој случај.“ – велат членовите на бендот.

За овој сингл подготвен е и анимираниот спот, чија ТВ премиера е закажана за 1-ви април на регионалниот „МТВ“ канал. На реализацијата на видео спотот работеа аниматорот Тони Хумл и цртачот Филип Андроник. Повеќе информации за новиот албум бендот ќе објави на 1-ви април.

Дубиоза Колектив во меѓувреме ја продолжува богатата концертна сезона, во чии рамки веќе се закажани повеќе од 30 концерти ширум светот, меѓу кои и настапите на неколку поголеми музички фестивали (Сигет во Унгарија, Шенгенфест во Словенија, Похода во Словачка и тн.). Сите потврдени датуми на турнејата на бендот можете да ги најдете на овој линк.

Во продолжение можете да го погледнете и трејлерот за најава на спотот и синглот „КАЖУ“.



Врати се горе ↑