Балкан Apsurdistan-dubioza

14 април, 2013

Дубиоза Колектив концертно го промовира новиот албум „Апсурдистан“

ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ на 15-ти април (понеделник) премиерно ќе го претстави новиот албум „Апсурдистан“ со концерт кој ќе можете да го проследите во живо преку интернет страницата www.dubioza.orgwww.password.mk или фејсбук страницата www.facebook.com/dubioza. За времетраењето на концертот, фановите преку испраќање коментари ќе имаат можност да бидат во директна комуникација со бендот.

Наша желба е да оствариме директен контакт со луѓето кои ќе го следат концертот преку live stream. Тоа е најдобриот начин многу брзо да дознаеме какви реакции предизвикуваат новите песни“, наведуваат членовите на бендот. „Овој тип на промоција долгорочно ни овозможува целосна независност од било кој традиционален медиум. Во понеделник, 15 април, во 20:30 часот, кога ќе завршат сите тв дневници, можете да седнете пред вашиот компјутер, да ја посетите www.dubioza.org и да ги погледнете и слушнете десетте нови песни во живо. По live stream-от ќе се отворат линковите за бесплатно преземање на албумот ‘Апсурдистан’. Ако ви се допадне оно што сте го слушнале на live stream-от, бујрум – преземајте. Уште една причина за овој начин на презентација на албумот е да се избегне онаа класична промоција во некоја кафеана каде мораш да ставиш овали полни со пити и суџуци за гостите и новинарите.” – велат од Дубиоза.

Веднаш по концертот, новиот албум ќе биде достапен и за бесплатно преземање од веб-сајтот на бендот. Тоа е веќе вообичаена и успешна процедура за Дубиоза колектив, бидејќи последниот албум „5 до 12“ на истиот начин беше преземен импозантни 350 000 пати.

Но албумот „Апсурдистан“ исто така ќе се појави во продажба и како ЦД издание, кое покрај десетте нови песни, ќе содржи и три ремикси (достапни само на ЦД изданието). Во Македонија ЦД изданието ќе биде објавено под етикетата на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио.

На овој линк можете да се потсетите на видео записот за првиот сингл „Кажу“ со кој беше најавен албумот „Апсурдистан“ и кој за само недела дена собра повеќе од 100.000 кликнувања на ЈуТјуб. Анимираниот спот за песната го направија режисерот и аниматор Тони Хумл и цртачот Филип Андроник.

Добредојдовте во АПСУРДИСТАН!

 



Врати се горе ↑