Балкан db

5 февруари, 2016

„Дубиоза колектив“ го објави новиот албум „Happy Machine“

Речиси три години по нивниот последен албум, „Дубиоза колектив“ се враќаат со Happy Machine, нивното седмо лонгплеј издание.

Инспирацијата за „Happy Machine“ се развиваше во тек на две години преку настаните кои го одбележаа периодот – од протестите во истанбулскиот Гези парк (All Equal), притворањето на основачите на „Пајрат Беј“ (Free.mp3), сириската бегалска криза и срамната реакција на Европа. На овој албум на „Дубиоза колектив“ како специјални гости со музички соработки учествуваат и Ману ЧаоБенџи Вебе од групата „Скиндред“, италијанскиот трубач и пејач Рој Пачи, „БЕЕ2“ пејачот од Пенџаб, каталонскиот ска-румба бенд „Ла пегатина“ и Џамбо Агушев, светски признатиот трубач од Македонија. Песните се отпеани на англиски, шпански, панџаби и италијански јазик.

„Постои жолчна полемика во стиховите, но сето тоа спакувано во френетичното чувство на радоста на животот (joie de vivre), подеднакво заразно колку што е и уникатно.“

Што е „Happy Machine“?  „Happy Machine“ или „среќна машина“ е, наједноставно кажано, балкански сјаен изум. Локалната „огнена вода“, наречена ракија, се дестилира во секое село ширум целиот регион. Секој дедо има свој таен рецепт, секоја баба има своја една чашка за здравје секое утро. Пиењето топла ракија директно од „Happy Machine“ е познато дека инстантно предизвикува среќа и други ефекти слични на ЛСД авантурите (претставени во нивниот видео спот „No Escape“). Да, оваа древна пракса е забранета од страна на Европската Унија во последниве години, која бара и посебна дозвола дури и за производство на мали количини за не-комерцијална домашна употреба. И со тоа обичните семејства ги претвори во одметници.

Сметавме дека ќе биде од помош ако детално прикажеме како да се направи ‘среќна машина’, па скицата ја поставивме на насловната страница.“ „Happy Machine“ ја проповеда слободата на сѐ – говорот, движењето, идеите и знаењето, и борбата на обичните луѓе во обид да ги заштитат овие слободи од немилосрдните крадци да душата. „Ако не успееме во тоа, барем ја имаме ‘среќната машина’ да ја залее тагата.

    ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ
 „HAPPY MACHINE“

         Етикета: Koolarrow Records
Musicalista
ANZN
Датум: 5 февруари 2016

„Happy Machine“ е достапен за бесплатно преземање преку официјалната веб-страница на бендотwww.dubioza.org

Исто така, албумот е достапен и во продажба во музичките продавници (физички и дигитални) ширум светот!! 

“Happy Machine” on iTunes
“Happy Machine” on Deezer
“Happy Machine” on Spotify
“Happy Machine” on Google Play
Happy Machine” on 7Digital
“Happy Machine” on Amazon


Врати се горе ↑