Видео

11 септември, 2018

Дуа Липа танцува во новото видео за „Electricity“

Иако сè уште е актуелна со мегахитот „One Kiss“, соработка со шкотскиот колега Келвин Харис, Дуа Липа продолжува со походот за освојување на топ-листите и со нови песни. Имено, таа деновиве ја објави темата насловена „Electricity“, снимена во соработка со „Силк сити“, односно со продуцентите Дипло и Марк Ронсон, која воедно е најавен сингл за реизданието на нејзиниот деби-албум „Dua Lipa“, закажан за 19 октомври.

Двојната „комплетна колекција“ ќе ги содржи сите песни од првенчето, како и уште неколку нови песни, меѓу кои и дуетот со Шон Пол (No Lies), клупските хитови „Scared To Be Lonely“ и „One Kiss“.

Новата соработка со „Силк сити“ е дополнета и со разиграно видео, во кое Липа ги покажува и своите танцувачи способности, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑