Настани

1 јули, 2019

Дуа Липа ја носи Мајли Сајрус на фестивалот „Сани хил“ во Приштина

Од 2 до 4 август во Приштина ќе се одржува фестивалот „Сани хил“ (Sunny Hill), во чии рамки ќе настапи и американската ѕвезда Мајли Сајрус. Имено, фестивалот е во организација на таткото на светски познатата пејачка со косовско потекло – Дуа Липа – која настапи на минатогодишното издание, па сосема логично беше овој пат да донесе некои од своите славни колеги. Меѓу претходно најавените имиња е и познатиот шкотски диџеј и продуцент Келвин Харис, со кого Липа го сними со Греми наградениот хит „One Kiss“.

Веста дека Мајли доаѓа во Приштина ја сподели и самата Дуа со кусо видео од самата Сајрус:

„Чест ми е што конечно ќе ја најавам третата и последна главна ѕвезда на ’Сани хил 2019’… Приштина, Косово, дали сте подготвени за Мајли Сајрус?“, напиша таа.

Како што споменавме, на фестивалот ќе настапи и Келвин Харис, а најавени се и гостувањата на австралискиот диџеј Џенерик, Њомза, Гаши, Кида, Ледри Вула и други. Влезниците се во продажба на официјалната веб-страна на фестивалот.

She came in like a wrecking ball 🎶 this August Miley Cyrus will wreck the #SUNNYHILLFESTIVAL stage and blow us away. 💓…

Gepostet von Sunny Hill Festival am Montag, 1. Juli 2019



Врати се горе ↑