22 јануари, 2018

Дуа Липа ја екранизираше „IDGAF“

Дуа Липа деновиве го претстави видеото за темата „IDGAF (I Don’t Give A F*ck)“, кој воедно е седми сингл од нејзиниот деби-албум „Dua Lipa“, објавен во јуни минатата година. Во режија на Хенри Сколфилд, видеото се снимало 22 часа, а идејата зад него била „да се отелотвори смислата на зајакнувањето во песната, истовремено надминувајќи го контекстот на раскинувањето“.

„Видеото е за твојата посилна и послаба страна кои меѓусебно се борат само за да сфатат дека љубовта кон себеси е таа што ќе ти помогне да ги надминеш сите негативности кои ќе ти се најдат на патот“, изјавила 22-годишната ѕвезда.

Освен што доби најмногу номинации за претстојните британски музички награди, пејачката запеа и на саундтракот за филмот „50 нијанси ослободени“, а како изгледа разиграната екранизација на „IDGAF“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑