Аудио

20 октомври, 2018

Дуа Липа има уште еден потенцијален хит со корејската сензација „Блекпинк“

„Kiss And Make Up“ е насловот на штотуку објавениот нов сингл на Дуа Липа, за кој популарната пејачка со косовско потекло соработуваше со корејските поп-кралици „Блекпинк“. Двојазичниот сингл излезе како најава за реизданието на деби-албумот на Липа, кој е дополнет со уште неколку нови песни, вклучувајќи го мегахитот „One Kiss“ со Келвин Харис и „Electricity“ со „Силк сити“.

Новата песна наскоро ќе добие и свое официјално видео, а додека ја очекуваме неговата премиера, слушнете како звучи оваа интересна англиско-корејска тема. Уживајте!



Врати се горе ↑