7 јули, 2017

Дуа Липа има „Нови правила“

Младата британска ѕвезда со потекло од Косово, Дуа Липа штотуку го претстави своето ново видео за песната „New Rules“, која воедно е седми сингл од нејзиниот неодамна објавен деби албум „Dua Lipa“. Станува збор за своевидна химна на раскинувањата, за која 21-годишната пејачка рече дека секој ќе може да се пронајде во неа, а видеото кое можете да го видите горе е снимено во Мајами, под режисерската палка на Хенри Скофилд.

Покрај „New Rules“, на нејзиното првенче се сместени и хитовите Be The One“, „Blow Your Mind (Mwah)“, дуетот со Мигел, Lost In Your Light“, „Hotter Than Hell“, „Last Dance и други.



Врати се горе ↑