Свет

16 јануари, 2019

Дуа Липа, Ен-Мари и Џес Глин со најмногу номинации за британските музички награди

Слично како минатата година, Дуа Липа повторно предводи со бројот на номинации за претстојното доделување на британските музички награди, кое по 39. пат ќе се одржи на 20 февруари во арената „О2“ во Лондон. Имено, младата британска ѕвезда со косовско потекло овој пат е во трка за четири статуетки, по две во категориите за најдобар британски сингл и најдобро видео од британски уметник за хитовите „IDGAF“ и „One Kiss“ со Келвин Харис.

 

Во четири категории се натпреваруваат и Ен-Мари и Џес Глин, а по три номинации имаат Џорџ Езра и Џорџа Смит, кои веќе ги потврдија и своите настапи на манифестацијата, заедно со колешките од „Литл микс“ што се номинирани во две категории. Во трка за по две статуетки се и Рита Ора, „Ајдлс“, Деми Ловато, „Рудиментал“, „Клин бандит“, Меклмор и други.

Водител на настанот по вторпат ќе биде англискиот актер и комичар Џејк Вајтхол, а како и секогаш, претходно е познат и добитникот на наградата според изборот на критиката, така што најголем потенцијал за светски успех годинава има 22-годишниот Сем Фендер.

 

Веќе традиционално, манифестацијата ќе биде директно пренесувана во живо и на Јутјуб, така што ќе можеме да ја следиме и ние. Номинираните во сите категории ве очекуваат во продолжение.

Британски албум на годината

  • A Brief Inquiry into Online Relationships – 1975
  • Speak Your Mind – Ен-Мари
  • High As Hope – Флоренс енд д машин
  • Staying At Tamara’s – Џорџ Езра
  • Lost & Found – Џорџа Смит

Британски машки уметник

  • Афекс Твин
  • Крег Дејвид
  • Џорџ Езра
  • Гигс
  • Сем Смит

Британски женски уметник

  • Ен-Мари
  • Флоренс енд д машин
  • Џес Глин
  • Џорџа Смит
  • Лили Ален

Британска група

  • 1975
  • Арктик манкис
  • Горилаз
  • Литл микс
  • Јирс енд јирс

Британски уметник во подем

  • Ела Меј
  • Ајдлс
  • Џорџа Смит
  • Мејбл
  • Том Вокер

Избор на критиката

  • Сем Фендер – ПОБЕДНИК
  • Луис Капалди
  • Махалија

Британски сингл на годината

  • Ен-Мари – 2002
  • Келвин Харис и Дуа Липа – One Kiss
  • Клин бандит и Деми Ловато – Solo
  • Дуа Липа – IDGAF
  • Џорџ Езра – Shotgun
  • Џес Глин – I’ll Be There
  • Рамз – Barking
  • Рудиментал со Џес Глин, Меклмор и Ден Каплен – These Days
  • Сигала и Палома Фејт – Lullaby
  • Том Вокер – Leave а Light On

 

Интернационален женски уметник

  • Аријана Гранде
  • Камила Кабејо
  • Карди Би
  • Кристин енд д квинс
  • Џанел Моне

Интернационален машки уметник

  • Дрејк
  • Еминем
  • Камаси Вашингтон
  • Шон Мендес
  • Тревис Скот

Интернационална група

  • Брокхемптон
  • Картерс (Бијонсе и Џеј Зи)
  • Шик
  • Фрст-ејд кит
  • Туенти-уан пајлотс

Британско видео на годината

  • Ен Мари – 2002
  • Келвин Харис и Дуа Липа – One Kiss
  • Клин бандит и Деми Ловато – Solo
  • Дуа Липа – IDGAF
  • Џекс Џонс и Ина Вролдсен – Breathe
  • Џонас блу со Џек и Џек – Rise
  • Лиам Пејн и Рита Ора – For You
  • Литл микс и Ники Минаж – Woman Like Me
  • Рита Ора – Let You Love Me
  • Рудиментал со Џес Глин, Меклмор и Ден Каплен – These Days

И.Ј.



Врати се горе ↑