Аудио

17 јануари, 2018

Дуа Липа, Џулија Мајклс и Сиа на саундтракот за „50 нијанси ослободени“

Третото и последно продолжение на франшизата „50 нијанси“ стигнува во кината ширум светот во февруари, а заедно со него доаѓа и саундтракот исполнет со песни од најактуелните имиња на музичката сцена. Како прв сингл на почетокот на месецов беше објавен дуетот на Рита Ора и Лиам Пејн, „For You“, a деновиве стигна и вториот сингл „Capital Letters“, кој го изведува младата американска пејачка Хејли Стајнфелд и е во продукција на хитмејкерот БладПоп (BloodPop0.

 

Освен нив, на саундтракот за „50 нијанси ослободени“ запеале и Џулија Мајклс, Дуа Липа, Сиа и Џеси Џеј, како и актерот Џејми Дорнан, кој ја отпеал темата „Maybe I’m Amazed“ од Пол Макартни, а повторно ќе ја слушнеме и Ели Гоулдинг со нова верзија на хитот „Love Me Like You Do“. Комплетниот список со песни ве очекува во продолжение.



Врати се горе ↑