Настани daniel-kajmakoski

31 август, 2014

Дружење со Даниел Кајмакоски за успешен почеток на новата учебна година

Деновиве кои изминаа и кои секој родител ги користи за подготовка на своето дете за првиот училишен ден, Скопје Сити Мол го направија да изгледа како епицентар на сите забавни случувања за најмалите. Креативни работилници за развој на умствените вештини, едукативни работилници со логички игри, работилници со ликови од детски книги и филмови, како и промоција на уметничките дела од децата кои беа дел од летниот камп на игротеката Имагинариум се само дел од активностите предвидени за најмладите. За сите родители, интересен е фактот дека во продавниците во молот е претставена и голема понуда на училишни материјали, прибор, ранци, книги, но и најнова модерна технологија за најмалите по супер намалени цени и промоции.

Дополнително изненадување, покрај сите овие активности, претставува и закажаната дружба со момчето со најголем Х Фактор во себе –  Даниел Кајмакоски. Истата е закажана за утре, понеделник 01.09.2014 година, со почеток во 18.00 часот, во просториите на Скопје Сити Мол.

Скопје Сити Мол ги кани сите деца и родители да бидат дел од ова дружење и да добијат распоред на часови потпишан од Даниел Кајмакоски, за заеднички да им посакаме среќа и успех во новата учебна година.



Врати се горе ↑