Настани Dizajn MARIJA

26 јануари, 2017

Дружење, потпишување и средба со Марија Лозаноска на Булеварот на книгите

Марија Лозаноска е реномирана млада писателка, која во рамките на зимскиот саем на книгата „Книга во секој дом“ на клубот „Матица“, за своите фанови и читатели ќе ти потпишува своите дела во петок, 27 јануари 2017 година, со почеток од 18.00 часот. Средбата ќе се одржи во клубот „Матица“, на веќе познатиот Булевар на книгите.

Лозаноска има неколку дела, меѓу кои „Големото Л“ и „Другата“. Првиот роман „Големото Л“ беше промовиран во 2012 година, а вториот „Другата“ во декември 2016 година. Покрај пишувањата, таа рачно изработува накит, кој е инспириран од настани и ликови од книгите.

Сите заинтересирани се поканети на прекрасно дружење во опуштена зимска атмосфера.

Dizajn MARIJA



Врати се горе ↑