Настани Baner Kniga vo sekoj dom (1)

19 јануари, 2017

Дружба со Ксенија Николова на саемот на книга во „Матица“

Ксенија Николова е реномирана млада писателка, која во рамките на зимскиот саем на книгата „Книга во секој дом“ на клубот „Матица“, за своите фанови и читатели ќе ги потпишува своите дела во петок, 20 јануари 2017 година, со почеток од 18 часот. Средбата ќе се одржи во клубот „Матица“ на веќе познатиот Булевар на книгите.

Ксенија Николова има три дела зад себе, и тоа збирките „Ова не се Ромео и Јулија“ и „Идиотски приказни“, како и скоро објавениот роман „Макар уште еднаш“. Таа пишува од својата најрана возраст, а тематиките кои ги обработува во своите дела се посветени на животот и сите околности во истиот, испреплетени со емоции.

Сите заинтересирани се поканети на прекрасно дружење во опуштена зимска амосфера.



Врати се горе ↑