17 ноември, 2017

„Дрим тим“ го промовираше „Етно Балкан – 1. дел“

Во средата, 15 ноември, во елитниот скопски ресторан „Воденица“ членовите на фолк групата „Дрим тим“ го промовираа видеото за најновиот инструментал насловен „Етно Балкан“. Како што самите велат, се надеваат дека овој поразличен стил ќе им се допадне на слушателите. Ова е само еден дел од проектот кој тие го имаат замислено, за кој допрва следуваат уште неколку делови. Видеото за темата инаку е изработено е во соработка со „ИН продукција“.

„Ова е прекрасен момент, го промовираме овој видео спот за нашата нова инструментална тема ’Етно Балкан’, која се надевам ќе им се допадне на сите“, вели Сашко Велков, член на „Дрим тим“ и еден од најпознатите хармоникаши во земјава.

23755968_10214244176529024_1478214429_n

„Ова е ’Етно Балкан’ – прв дел, што значи дека понатаму ќе работиме, ќе претстојат уште делови кои ќе бидат токму во овој стил на музицирање каде што се фузирани различни музики од Балканот. Се работи за неправилни ритмови, за некои џез фигури, значи една музичка синтеза која мислам дека ќе ви се допадне“ , вели Сашко.

На промоцијата  присуствуваа голем број новинари, музичари, естрадни уметници и јавни личности од нашата земја меѓу кои Наум Петрески, Никола Коки Јанков, Душко Божиновски, Сашо Ливрински, Милан Завков, Ирена Спировска…

23667418_10214244176569025_803048390_n

Од „Дрим тим“ велат дека видеото го работеле од јуни, па сè до неоодамна. „Напорно беше, но го сработивме како што треба, па се надеваме дека ќе им се допадне на гледачите“, додаваат од бендот и ви препорачуваат да го погледнете и слушнете нивниот „Етно Балкан – 1. дел“! 

Извор и фотографии: Вистина / Јутјуб



Врати се горе ↑