Аудио Music-Drake-Started-From-The-Bottom

3 февруари, 2013

Дрејк „Започна од дното“: Слушнете го новиот сингл

Иако пред неколку дена американскиот рапер Дрејк изјави дека новиот сингл кој ќе го најави неговиот трет студиски албум ќе го објави на денот кога ќе се доделуваат Греми наградите – 10-ти февруари, сепак тој ги изненади неговите фанови со тоа што синглот насловен „Started From The Bottom“ го објави една недела пред најавеното. „Понекогаш чувствувам дека луѓето немаат доволно информации за моите почетоци и затоа измислуваат животна приказна за мене која не е е соодветна со вистинските настани“ – изјави Дрејк, додавајќи: „Моето семејство и моето второ семејство (составено од најдобите пријатели кои би можел да ги имам) се боревме и работевме екстремно тешко за да дојдеме до овде.“

Во споредба пак со блогот на Дрејк, таму се открива повеќе за неговите скромни почетоци отколку во самата песна. Во продолжение слушнете за неговите „почетоци на дното“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑