Аудио drake

8 март, 2013

Дрејк го „ослободи“ гневот преку песна

Како што пишува магазинот PopCrush, раперот Дрејк целиот товар го „ослободи“ во новата песна насловена „5 AM in Toronto“, која нема рефрен, само 3 минутно рапување со кое си кажа „сè што му лежи на срце“. Во текстот се спомнува и расправијата со Крис Браун, а во врска со котирањето на топ листите, вели дека најважно му е тоа што се нашол на листата на магазинот Форбс, кој ги рангира артистите според нивните приходи.

Ова е втор сингл од претстојниот албум „Nothing Was the Same“  на Дрејк, кој  во моментов ги освојува топ листите со првиот сингл, а тоа е песната „Started From The Bottom“.

 



Врати се горе ↑