Аудио 1186181_10151876895799402_390237752_n

22 мај, 2014

„Dream Of Me“ е новата песна на „Д хаундс“ и Марија Бунда

Прилепскиот рок состав „Д хаундс ја објави својата нова песна насловена „Dream Of Me“ во која гостува Марија Бунда и е комплетно авторско дело на момците од бендот составен од Златко и Крсте Карчески, Илија Мирчески и Јане Петкоски. За продукцијата се погрижи Ивица Јанкуловски и студиото marryPHAT, со поддршка при реализација од Кристијан Евго и Дејан Трајкоски на клавијатура. Фотографијата е дело на Ѓорѓи Десподов, а како звучи „Dream Of Me“ можете да слушнете во продолжение.

 

Покрај оваа интересна соработка, „Д хаундс“ најавија и уште една нова песна која ќе го носи насловот „Кај ми е срцето“ и за која ќе се снима и видео запис.



Врати се горе ↑