Настани 17287_647289832042633_3505761832803111508_n

7 април, 2015

„Dream Live Festival“ по втор пат во Битола

По прекрасното прво издание во ноември минатата година, со големо задоволство Ви го најавуваме второто издание на најголемиот електронски фестивал во Битола, наменет за сите љубители на вистинска, квалитетна електронска музика – „Dream Live Festival – EDM EDITION“. За овој ексклузивен настан ќе се погрижат домашни артисти, најдобри во пределот електро-денс музиката.

 

Цената на картата е формирана врз основа на стандардите, намената е за секој да може да биде присутен. Картите во претпродажба изнесуват 50 ден, а на врата 100 ден. Локацијата ќе биде иста како првото издание – спортска сала „Младост“, но овој пат ќе биде во Сала бр. 2 , Влез бр. 2 (Заден влез)

Второто издание на „Dream Live Festival“ е закажано за 17 април со почеток од 19.30 часот. Повеќе информации за настанот можете да дознаете на Фејсбук.



Врати се горе ↑