21 јули, 2014

Драматичен видео запис за „Do It Again“ од Ројксоп и Робин

Како што е познато, норвешкото дуо Ројксоп и шведската пејачка Робин на 26 мај го објавија своето заедничко ЕП издание насловено „Do It Again“, кое во моментов го промовираат и со заедничка турнеја. По видео записот за темата „SayIt“, денеска беше претставена и екранизацијата за насловната тема, во режија на Мартин Де Тура. Драматичниот црно-бел видео запис ги прикажува кризните ситуации на група бунтовници, а снимањето се одвиваше на четири локации во Мексико: Мексико Сити, Вера Круз, Пуебла и Идалго. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑