Македонија

2 јуни, 2019

Драган Мијалковски со „Илина“ триумфираше на „Фолк-фест Валандово 2019“

Песната „Илина“, во изведба на легендарниот Драган Мијалковски, го освои првото место на годинашното, 34. по ред издание на фолк-фестивалот „Валандово“, кое се одржа на 30 и на 31 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово. Во натпреварувачкиот дел од фестивалот беа изведени вкупно 20 композиции, а освен победничката „Илина“, наградени беа и второпласираната „Љубов преку граница“ во изведба на „Распеани валандовчани“, како и трите третопласирани теми „Седма зима“ (Елена Андоновска), „Добредојде таго“ (Благоја Груевски) и „Моја Мирјана“ (Јовица Мицевски).

Покрај првите три места, доделени беа и плакети за животно дело и посебни заслуги за промоција на фестивалот, постхумно на Леонид Манчев и на Никола Бадев, како и награди за најдобар дебитант на Стојна Николова, најдобар текст на Огнен Неделковски, најдобар аранжман на Дарко Илиевски и најдобра интерпретација на Елена Андоновска.

Вечерта ја отвори минатогодишната победничка Благица Калева со својата „Горда мајка“, а во ревијалниот дел настапи и фолк-ѕвездата Сузана Спасовска.

Gepostet von Фолк Фест Валандово am Samstag, 1. Juni 2019



Врати се горе ↑