18 март, 2017

Драган Даутовски со нов проект насловен „Апокалиптикум“

Во организација на СОКОМ, а во рамките на годинешното издание на традиционалната куктурна манифестација „Денови на македонската музика“, познатиот музичар и професор Драган Даутовски на 27 март во Македонската опера и балет со голем концерт ќе го престави својот најнов проект наречен „Апокалиптикум“.

„’Апокалиптикум’ всушност претставува звучно патешествие до суштината на она што го нарекуваме музика. До нејзината божествена и животворна енергија која го прати еволутивниот развој на човештовото од самиот почеток на неговото пра-раѓање и ќе го следи до самиот залез на неговиот опстанок. ’Апокалиптикум’ ја носи пораката: Човекот треба најпрвин да е во хармонија со самиот себе, со припадниците на својот род и сè што го слави животот, за потоа преку дадената можност (живот) да ужива во божествената хармонија на просторот –вселената“, вели Даутовски за својот најнов проект, за кој повеќе можете да дознаете од разговорот со „Телеграф.

Билетите за настанот по цена од 400 денари можат да се набават на билетарницата на МОБ.

16998999_174743293029447_6078491845274015851_n



Врати се горе ↑