Видео

29 ноември, 2018

„Дозволи ми“, одлично освежување од Валери

Валери Димовска има мошне активна и плодна година зад себе, па освен што беше една од придружните вокали на „Ај кју“ на „Евровизија 2018“ во Лисабон, летово сними и неколку нови песни, меѓу кои Take It Back My Heart“ и „Rhythm Of Love“, но и Знај“ како новата вокалистка на бендот „Саунд-еџ“.

Талентираната велешанка сега ја промовира својата нова песна на македонски јазик, која го носи насловот „Дозволи ми“ и чиј автор на музиката е самата Валери, а стиховите ѝ се заеднички со Темелко Андреев. Тој се погрижи и за аранжманот, миксот и мастерот, како и за режијата и монтажата на видеото, каде што на Валери друштво ѝ прави Мирослав Христовски.

Дозволи ми“ е одлична ар-ен-би балада и вистинско освежување од Валери, која дефинитивно се издвојува како една од најсестраните музички уметници кај нас, докажувајќи се во различни стилови и жанрови, а како звучи и изгледа најновото од неа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑