За Вас pbfm

18 февруари, 2015

Дознајте која песна била хит на денот на Вашето раѓање

И покрај тоа што песните траат само 3-4 минути, често знаат да нè расположат, разиграат, расплачат или да нè потсетат и да одбележат одредени моменти или периоди од нашите животи. Некои од нив ја одбележуваат и кариерата на музичарите или стануваат синоним за тој музички жанр или период од музичката историја. Ако некогаш сте сакале да дознаете која песна била хит токму на денот на Вашето раѓање, благодарение на „Плејбек.фм“, со само еден клик можете да ја откриете најпопуларната песна која ја потпевнувале сите во моментот кога сте дошле на овој свет.

Мојата е „The Greatest Love Of All“ од Витни Хјустон, а Вашата можете да ја дознаете овде.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑