Балкан armija LAVOVAAA

15 април, 2013

Достапна „Армијата на лавови“ на „Лудите жени“

Година дена од излегувањето на првиот албум, шестчлената група „Луди жени“ денеска го објави своето второ студиско издание. „Моја драга“, за која е снимен и видео запис, со Зоран Предин како гостин-вокал и „Коме припадам“ се песните со кои „Лудите жени“ го најавија албумот насловен „Армија лавова“, од денеска достапен за бесплатно преземање на овој линк: http://bit.ly/103QsaH

Продукцијата на десетте нумери застапени на ова издание ги потпишуваат ценетите продуценти Саша Јанковиќ и Александар Шишиќ, а албумот е снимен во Ужице и Белград.

„Армијата на лавови е сигурно напредок во однос на Анахронија, нашиот претходен албум, а што се однесува на оној другиот, креативниот дел, во секој случај ние сме доста горди. Очекуваме и се надеваме дека што повеќе луѓе кои ја сакаат рок музиката ќе ги чујат нашите песни. Оние другите не мора да се мачат.“ – изјавува Душко Цицвариќ.

Во родното Ужице, во Градскиот културен центар на 2 мај групата ќе одржи промотивен концерт по повод излегувањето на албумот, а потоа концертно ќе се активира со настапи во неколку градови во Србија и регионот.

 



Врати се горе ↑