Балкан 16_doris-dragovic

28 октомври, 2012

Дорис Драговиќ со хуманитарен концерт

Хрватската дива Дорис Драговиќ годинава одбележува 30 години музичка кариера. По тој повод е организиран хуманитарен концерт на 19ти октомври во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, а целиот приход ќе биде наменет за купување на респиратори за Одделот за интензивна нега во детската болница „Клаиќ“ во Загреб. Картите за концертот беа распродадени во рекорден рок, што докажува за нејзината популарност која и по 30 години сè уште ја ужива во Хрватска.

Пејачката со извонредна харизма, енергија и дух подготвува вистинско музичко уживање за сите љубители на медитеранскиот звук. Дивата на далматинската поп музика на овој концерт ќе понуди пресек на музичката кариера изведувајќи ги препознатливите песни од богатиот музички опус, како што се: „Мало ми за срићу триба“, „Криви људи“, „Нећу пропаст ја“, „Једини“…

Во нејзината долгогодишна музичка кариера, Драговиќ позади неа има и два настапи на Евросонг и е најдобро пласирана хрватска пејачка на тој музички натпревар од самостојноста на Хрватска. Имено, во 1986 таа ја претстави нејзината земја со песната „Жељо моја“, со која го освои единаесеттото место, а во 1999 година во Израел го освои високото четврто место со песната „Марија Магдалена“. Нејзиниот раскошен вокал е заслужен за многу наградени настапи на бројни хрватски фестивали, со кои Драговиќ е една од најнаградените изведувачи на овие простори.

 



Врати се горе ↑