Концерт 1655854_670417899666015_642066622_n

21 февруари, 2014

Дополнителен 6-ти концерт за „Македонско девојче 2“

Синоќа во Македонската Опера и Балет се одржа првиот од петте концерти на Каролина во чии рамки пејачката го промовира материјалот од новиот албум „Македонско девојче 2“. Влезниците за сите пет првично закажни концерти се веќе комплетно продадени, така што од Авалон продукција информираат дека е додаден уште еден 6-ти концерт кој ќе се одржи во вторник, 25-ти феврурари, а влезниците за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за сè.

„Доколку сакате да присуствувате на овој концерт, поради навистина огромниот интерес, набавете ги своите влезници што е можно побрзо.“ – порачуваат од Авалон продукција, а како помина првиот концерт можете да видите од снимката во продолжение, како и во галеријата на официјалната Фејсбук страница на Каролина

 



Врати се горе ↑