За Вас 10698608_728399120573728_5648333116767130673_n

21 октомври, 2014

Донирајте и дајте шанса за живот!

Cо повик на телефонските броеви 070, 075 или 077 14 33 33 се донира за кампањата „Шанса за живот“. Оваа кампања е иницирана од компанијата ОКТА и Клиниката за детски болести во Скопје за да се соберат средства за поправка на старата и набавка на нова опрема на Одделот за Интензивна нега на Клиниката. На овој оддел, единствен од овој тип во земјава, последниве години значително е зголемен бројот на предвремено родени и бебиња со компликации. Зголемениот број на нови случаи го отежнува функционирањето на одделот каде има сериозен недостаток од  апаратура.

„Се обидуваме да направиме промена во овој оддел каде е зголемена бројката на примени деца, а нашите можности во поглед на апаратура и простор е иста и непроменета со години. Потребна ни е секоја помош бидејќи животот на овие деца во случајов зависи од тоа колку ќе успееме да направиме со кампањата. Средства се секогаш потребни, посебно во оддели каде нема алтернатива за нив, односно се единствени по својата намена во цела земја“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Иако донацијата на ОКТА е од огромно значење за Одделот за Интензивна нега, сепак неопходна е дополнителна помош за подобрување на моменталната состојба. Поради тоа, потребно е вклучување на сите оние кои може да помогнат за да се спасат животите на бебињата кои се обидуваат да победат во својата прва битка во живот. Шансата е во нашите раце и со само едно јавување на еден од телефонските броеви може да придонесеме за вистинска промена.

Сите активности на кампањата се одвиваат јавно и транспарентно и по завршувањето и донирањето на опремата, целиот процес на собирање на средствата, набавување на апаратурата и донирање во Интензивното одделение ќе биде објавено на интернет страната на компанијата. Извештајот ќе покаже каде точно се вложени средствата на граѓаните кои донираа и со тоа ги поддржаа целите на кампањата.

Со бирање на некој од броевите 070, 075 или 077 14 33 33 ќе се донираат по 100 денари, а со повикот се пресметува и данокот од 18 отсто и ќе чини вкупно 118 денари.



Врати се горе ↑